Betül Yürük
01 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Новоизбраниот претседател на Сoединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, оствари телефонски разговор со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од неговиот тим е наведено дека Бајден му се заблагодарил на Гутереш за честитката по повод неговата победа на американските избори.
Бајден и Гутереш разговарале, исто така, за потребата од силно партнерство меѓу САД и ОН во контекст на глобалните проблеми, како пандемијата на Ковид-19, климатските промени, хуманитарната помош, одржливиот развој, обезбедување мир и безбедност и решавање на кризите.
Бајден во текот на разговорот изрази загриженост поради ескалацијата на судирите во Етиопија и нивното влијание врз цивилите.