Ali Makram Ghareeb
01 Декември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
САЛАХАДИН (АА) – Стопирано е производството на нафта во рафинеријата „Синије Петрол“ во градот Салахадин во северен Ирак, која беше цел на ракетен напад пред два дена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на рафинеријата „Синије Петрол“ се наведува дека производството е привремено прекинато поради опасност од нов напад.
Се посочува дека работата на рафинеријата ќе биде прекината сè додека во регионот не се воспостави целосна безбедност.
Како резултат на ракетниот напад на рафинеријата „Синије Петрол“ извршена на 29 ноември, избувна пожар во резервоар за гориво.
Одговорноста за нападот не ја презеде никој. Нападот не предизвика загуба на животи, немаше ниту повредени.
Рафинеријата, која има дневно производство на нафта од 20 илјади барели, беше цел на напад на терористичката организација ДЕАШ во 2014 година.