Mahmut Atanur
01 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
ЏАКАРТА (АА) - Центарот за вулканологија и геолошки катастрофи на Индонезија објави дека синоќа во 23:20 часот по локално време и утрово во 7:46 часот се случиле две ерупции на вулканот Левотоло, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Центарот соопшти дека при првата ерупција од кратерот на вулканот се издигнале пепел и дим на висина од 700 метри, додека во втората ерупција на висина од 1.500 метри.
Управата на Националната агенција за катастрофи соопшти дека бројот на евакуирани лица од регионот поради опасноста што ја предизвикува вулканот, достигнал 4.628, додавајќи дека нема жртви и повредени при ерупциите.
Официјалните лица го предупредија населението дека не треба да биде активно во радиус од 4 километри од вулканот, препорачувајќи употреба на маски и заштитна облека против негативните ефекти на пепелта и чадот.
- Четири експлозии во последните 5 дена -
Вулканот Левотоло, за кој алармот за тревога беше поставен на „портокалово“ ниво поради зголемувањето на вулканската активност, имаше ерупции на 27 и 29 ноември, така што во последните 5 дена се случија 4 ерупции.
Системот за тревога на вулканите во земјата се состои од 4 степени: „зелен“, „жолт“, „портокалов“ и „црвен“ - највисоко ниво.
Индонезија се наоѓа во Пацифичкиот огнен прстен - појас на земјотреси и вулкани, и има 127 активни вулкани.