Muhammed Bilal Kenasari
26 Јуни 2017•Ажурирај: 26 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон соопшти дека Катар почна да ги разгледува барањата на Бахреин, Египет, Саудиска Арабија и на Соединетите Арапски Емирати, јавува Anadolu Agency (AA).
Тилерсон во своето писмено соопштение во врска со ова прашање истакна дека Катар почнал внимателно да ги разгледува барањата.
Истакнувајќи дека некои точки тешко можат да се исполнат од страна на Катар, Тилерсон вели дека страните треба да бидат во дијалог за да се постигне решение.
Во соопштението Тилерсон истакнува:
„Земјите треба да се состанат и да зборуваат за да се направи плоден чекор. Веруваме дека нашите сојузниици ќе бидат посилни ако тие се борат заедно против тероризмот. Помирувањето ќе помогне во овој процес. САД ќе продолжат да имаат внимателни односи со страните, и ќе го поддржат посредувањето на емирот на Кувајт“.