Admir Fazlagic
18 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија,Трајко Вељаноски денеска ќе потпише Решение за распишување на предвремените парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на Вељаноски соопштија дека тој денеска ќе го потпише Решението за распишување на предвремените парламентарни избори, се сретне со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски.
Распишувањето на изборите е овозможено по вчерашната одлука на пратениците за распуштање на Собранието на Република Македонија, со што се овозможува одржување на предвремените парламентарни избори на 11 декември, согласно договорот на лидерите на четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, за надминување на политичката криза.