Rahmi Gündüz
22 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд изрази желба и намера за организирање на самит во јули оваа година со цел пронаоѓање на решение за кризата во Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролoт на Владата, Стефан Ле Фол, по седницата на Советот за министри изјави дека францускиот претседател Франсоа Оланд сака да организира самит во јули на кој ќе присуствуваат и лидерите на Русија, Украина и Германија.
Како што истакна таа, Оланд на Советот за министри изјавил дека е постигнат одреден напредок во решавањето на тој проблем и дека поради форматот на Нормандија е потребен самит во јули.
„Форматот Нормандија” е основан во јуни 2014 година кога рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и украинскиот претседател Петро Порошенко разговараа за украинската криза, по повод 70-годишнината од истоварувањето на воените сили во Нормандија.