Yusuf Özcan
11 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека не ја поддржува одлуката на САД да го признае Кудс за главен град на Израел, но истакна дека не е негово да ја осудува таквата одлука, јавува Anadolu Agency (AA).
Макрон по состанокот со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху одржа прес-конференција за медиумите.
Во таа прилика тој рече дека Франција и Израел се важни сојузници.
„Франција отворено и најоштро ги осудува сите кои го напаѓаат Израел и израелскиот народ”, рече Макрон.
Исто така, тој додаде дека мирот во регионот може да биде воспоставен со дијалог меѓу Израел и Палестина.
Според неговите зборови, Франција му придава големо значење на воспоставувањето на мирот на Блискиот Исток, но смета дека решение е две држави.
„Ги осудувам нападите на Израел. Не ја одобрувам одлуката на Трамп за Кудс, но не е мое да ја осудувам”, истакна Макрон.
Францускиот претседател рече дека со Нетанјаху разговарал по прашањето на Либан и дека решението на проблемот во Либан е важно за безбедноста на Израел.
Тој порача дека со Израел ќе соработува кога е во прашање борбата против тероризмот.
„Дај шанса и направи им гест на Палестинците”, му рекол Макрон на Нетанјаху, додавајќи дека би требало да се преземат мерки за запирање на станбените проекти и преземање мерки со цел да се стекне доверба кај палестинските официјални претставници.
Макрон истакна дека на Нетанјаху му рекол дека одлуката на американскиот претседастел Доналд Трамп е во спротивност со меѓународното право и преставува опасност за мирот во регионот.
Претседателот на Франција на Нетанјаху му рекол дека е договорено запирање на нападите на Блискиот Исток и дека се подготвени да направат сѐ што можат да го спречат Иран, кога станува збор по тоа прашање.
Премиерот на Израел смета дека е неопходно завршување на нападите на Газа и Јемен.
„Кудс е главен град на Израел и не бил главен град на некоја друга земја. Кога Палестинците тоа ќе го прифатат, мирот може да биде воспоставен”, изјави Нетанјаху.
Израелскиот премиер додаде дека секогаш го повикувал претседателот на Палестина Махмуд Абас на разговор за регионалните прашања. Тој истакна дека кога Абас ќе посака мир, ќе можат да поразговараат.
Нетанјаху нагласи дека многу арапски земји, кога станува збор за борбата против тероризмот, сфатиле дека Израел не е непријател, туку сосема спротивно, важен сојузник.