Atila Altuntaş
11 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
СТОКХОЛМ (АА) - На свечената кадемија во Стокхолм доделени се Нобелови награди за 2017 година од областа на физика, медицина, хемија, книжевност и економија, јавува Anadolu Agency (AA).
На доделувањето во Консертхусет присуствуваше шведското кралско семејство и голем број други гости.
Наградите ги врачи кралот на шведска Карл XVI Густав.
Нобеловата награда за физика ја добија Кип С. Торн, Рајнер Вајс и Бари Бариш, а за хемија добитници се Жак Дубоше, Јоахим Франк и Ричард Хендерсон.
Мајкл В. Јанг, Мајкл Росбаш и Џефри К. Хол се добитници на Нобеловата награда за физиологија/медицина.
Нобеловата награда за економија ја доби Ричард Х. Тејлр, а за книжевност Казуо Ишигуро.
На добитниците им е врачена диплома, меда и девет милиони шведски куни (околу 900.000 евра).
По доделувањето на наградите, следеше вечера на која беа повикани 1.500 гости, меѓу кои покрај 8 членови на кралското семејство и добитниците на наградите присуствуваа премиерот на Шведска Стефан Лофвен, министри од владиниот кабинет, претставници на партии и претставници на од други земји.
Пртходно, во норвешкиот град Осло, на Меѓународната компанија за укинување на нуклеарно оружје (iCAN) и беше доделена Нобеловата награда за мир.