İnci Gündağ
26 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
ЛОНДОН (AA) – Синоќа во Лондон избувнаа нереди на протестите што следува откако почина приведениот Едир Федерико Да Коста (Едсон), јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите тврдат дека Да Коста, кој битката за животот ја изгуби во болница, шест дена по приведувањето, починал од последиците на полициско насилство.
Во вечерните часови во источен Лондон беа организирани протести.
Демонстрантите потоа се собраа пред полициската станица во Форест Гејт, каде што на објектот фрлаа цигли и други предмети.
Насобраните извикуваа слогани: „Сакаме правда“, „Правда за Едсон“. Демонстрантите запалија и оган во близина на полициската станица.
Откако тие станаа поагресивни, лондонската полиција испрати дополнителни екипи од специјалните сили.
Немаше приведување во текот на демонстрациите кои од воздух беа се следени со хеликоптер.
Црномурестиот Да Коста (25) и уште две лица во автомобил кога беа приведени на 15. јуни, во источен Лондон.