Gökhan Kurtaran
23 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
ЛОНДОН (АА) - Банкротираше британскиот туроператор „Томас Кук“, една од најголемите светски туристички компании, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од британското цивилно воздухопловство (CAA), туроператорот „Томас Кук“ банкротирал откако не успеале разговорите за спасување на компанијата.
Со банкротот на компанијата стара 178 години, во Велика Британија 9.000, а низ светот 20.000 илјади луѓе ги загубија своите работни места.
Во однос на банкротот на компанијата Питер Франкхаузер, главен извршен директор на „Томас Кук“, рече дека му е многу жал за банкротот на компанијата и им се извини на своите милиони клиенти и илјадниците вработени.