свет

„Ние нема да бидеме тие што ќе ја започнат војната со САД“

Иранскиот министер рече дека Иран не стои зад нападите врз нафтените објекти на Саудиска Арабија и дека секој тим што ќе спроведе непристрасна истрага ќе го донесе истиот заклучок

Betül Yürük  | 23.09.2019 - Обновена : 24.09.2019
„Ние нема да бидеме тие што ќе ја започнат војната со САД“

ЊУЈОРК (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џевад Зариф, во однос на тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран истакна дека Иран нема да биде оној што ќеја започне војната, пренесува Anadolu Agency (AA).

Говорејќи на американската телевизија „Си-би-ес“ (CBS), Зариф рече дека Иран не стои зад нападите врз нафтените објекти на Саудиска Арабија и дека секој тим што ќе спроведе непристрасна истрага ќе го донесе истиот заклучок.

На прашањето дали може да се избегне војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, Зариф рече: „Не сум сигурен дали можеме да ја избегнеме војната, но нема да бидеме први што ќе ја започнеме војната. Тој што ќе ја започне прв нема да биде тој што ќе ја заврши војната.“

Тој истакнува дека Иран не е информиран од Обединетите нации (ОН) за тимот што го испратиле во Саудиска Арабија, и дека доколку ОН спроведат независна истрага ќе се утврди дека Иран не е одговорен за нападите.

Нагласувајќи дека претседателот на САД, Доналд Трамп, „кажува лаги што ќе водат во војна“, Зариф рече дека на САД им се потребни одговорни органи за национална безбедност за да прават разлика помеѓу лагите и вистината.

„Ние сме подготвени да разговараме, но треба да преговараме за постојан договор, не само за договор што ќе важи за следните една, една и пол или пет, пет и пол години. Разговаравме и порано, запомнете, не потпишавме документ само од две страници, зошто би го правеле истото. Разговорите беа тешки“, нагласи Зариф за американската телевизија „Си-би-ес“.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın