Hülya A. Gündüzalp
12 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
КАБУЛ (АА) - Најмалку седум лица смртно страдаа во бомбашки напад и напад со огнено оружје на објектот во кој престојуваат гости од странство, а кој се наоѓа во близина на Амбасадата на Шпанија во авганистанската престолнина Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Помеѓу смртно страданите се и четири талибанци, припадници на безбедносните сили.
Гласноговорникот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан Седик Седики за АА изјави дека самоубиствениот бомбашки напад е изведен вчера во 18 часот по локално време.
Целта на нападот бил објектот во кој се наоѓаат гости од странство, а кој се наоѓа во подрачјето на Сирпур во Кабул, во близина на шпанската амбасада.
После бомбашкиот напад, три напаѓачи влегоа во објектот и дојде до судир со авганистанските безбедносни сили. Судирот помеѓу талибанците и безбедносните сили траеше околу 12 саати, а како што вели Седики, напаѓачите се неутрализирани со доаѓањето на припадниците на специјалните авганистански единици.
"Покрај четирите напаѓачи, животот го загубија и двајца државјани на Шпанија" , истакна Седики.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.
Гласноговорникот на талибанците Забиулах Муџахед изјаи дека во нападот смртно страдале десетици лица.