Sayed Khodaiberdi Sadat
05 Мај 2021•Ажурирај: 08 Мај 2021
КАБУЛ
Во бомбашкиот напад извршен врз возило со кое биле транспортирани лекари животот го загуби едно лице, а три лица се ранети, известува Агенција Анадолија (АА).
Фердевс Фарамарз, портпаролот на полицијата на Кабул, во изјавата за медиумите истакна дека експлодирала бомба поставена покрај патот во подрачјето Калакан во Кабул во моментот кога од таму минувало возилото со кое биле транспортирани лекарите кои биле на должност во болницата „Пенсшир“.
Портпаролот Фарамарз информира дека во нападот животот го загубило едно лие, а три лица се ранети.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Во Авганистан во последно време е зголемена бројката на атентати во кои цел се новинари, активисти, научници за верата, државни службеници и припадници на безбедносните сили.
Авганистанската власт ги обвинува Талибанците за овие напади.