Dejan Maksimoviç
26 Декември 2015•Ажурирај: 27 Декември 2015
ИСЛАМАБАД (АА) - Силен земјотрес потресе делови на Авганистан и Пакистан синоќа. Според извештаите од теренот засега нема информации за тоа дали земјотресот однесе некој живот, но се наведува дека над 40 луѓе се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјотресот, чија магнитуда е 6,3 степени по Рихтеровата скала, бил во североисточната авганистанска провинција Бадакшан, во близина на границата со Пакистан и Таџикистан.
Најмногу повредени има во пакистанскиот град Пешавар каде дошло до рушење на ѕидовите на неколку куќи. Билал Ахмед Фејзи, портпаролот на итната помош кажа дека 41 лице побарало медицинска помош: Информации за бројот на повредени во останатите региони каде што земјотресот бил најсилен сè уште нема.
Хамид Наваз, шефот на Пакистанската служба за управување со катастрофи, рече дека штетата и понатаму се проценува, и дека е точно срушувањето на ѕидовите на одредени стари куќи во Пешавар.
Земјотресот бил почувствуван и во главниот град на авганистан Кабул, но и во пакистанската престолнина Исламабад, како и во Кашмир.
Во месец октомври земјотрес во Пакистан и Авганистан однесе скоро 400 животи, а неговата јачина изнесуваше 7,5 степени според Рихтер.