Furkan Güldemir
12 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
БЕЈРУТ (АА) - Синот на некогашниот либиски лидер, Муамер Гадафи, Ханибал Гадафи, кој беше грабнат во четвртокот во градот Бека во Либан, е ослободен, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што јавува новинската агенција на Либан NNA, Ханибал Гадафи во четвртокот вечерта бил киднапиран од страна на непознати напаѓачи, а вчера бил ослободен. Силите за безбедност го преземаа на аеродромот Хомс-Балбек.
Наводно, киднаперите на Гадафи сакале да добијат инфиормации за либанскиот верски лидер Mусa ес-Садр и двајца негови пријатели, кои исчезнаа во 1978 година во Либија.
На локалната либанска телевизија емитуван е прилог за грабнувањето на Гадафи, во кое еден од грабнувачите рече дека здравствената состојба на Гадафи е добра и дека мора да даде информации за шиитскиот верски лидер Муса ес-Садр.
Ханибал Гадафи беше меѓу оние кои по паѓањето на режимот на неговиот татко успеа да избега во Алжир.
По падот на режимот на Муамер Гадафи, во Либија се случија многу грабнувања и напади на дипломатски претставништва.
Либиските власти повеќепати апелираа до египетските власти да ги предадат функционерите од ерата на Гадафи кои избегаа од земјата во 2011 година.