Sayed Khodaberdi Sadat
30 Август 2017•Ажурирај: 31 Август 2017
КАБУЛ (АА) - Во градот Зир Кох, во областа Херат, западен Авганистан, авиони на силите на НАТО „по грешка“ бомбардираа цивили. Во операцијата загинаа 13 цивили, а седуммина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на гувернерот на областа Херат за АА изјави дека авионите на НАТО, спроведувајќи операција против талибанските милитанти во подрачјето на Зир Кох, „по грешка“ ги бомбардирале куќите на цивилното население.
Портпаролот изјави дека местото каде што живееле цивилите е многу блиску до позициите на талибанците.
Во изјавата на портпаролот се наведува дека во нападот загинале 13 цивили, меѓи кои имало и деца, а 7 лица се ранети. Исто така, во нападот загинале 16 талибанци, а 4 се ранети.
Во соопштението што го објавија талибанците се тврди дека во нападот се убиени само 35 цивили.