Mustafa Keleş
30 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
ЊУЈОРК (ОН) - Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) остро го осуди тестирањето на балистички проектил од страна на Северна Кореја, и побара оваа земја да престане со секаков вид на нуклеарна активност, јавува Anadolu Agency (AA)
Советот за безбедност на ОН, по барање на САД, Јапонија и Јужна Кореја одржа затворена седница. Во текот на оваа седница, со одобрение на 15-те членови на Советот беше усвоен документ, составен од страна на претседателот на САД, во којшто остро се осудува ракетното лансирање од страна на Северна Кореја, при што проектилот прелета над јапонска територија. Исто така, во овој документ, тестирања се опишуваат како „преминување на сите граници“, кои ги нарушуваат регионалниот мир и стабилност.
„Советот за безбедност на ОН е одлучен по прашањето за чистење на Корејскиот Полуостров од нуклеарното оружје“, се наведува во документот и се бара Северна Кореја да ги почитува одлуките на Советот за безбедност на ОН, за прекин на тестирањето балистички проектили и да стави крај на сите нуклеарни активности.
- Мировно решение -
Според документот, решавањето на прашањето зависи од дипломатските и мировните методи.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно во врска со ова прашање истакна дека сите опции се на маса. По оваа изјава на Трамп, се очекуваше дека ќе се постават на дневен ред нови санкции или поостри мерки.
Но, во документот на Советот за безбедност на ОН, подготвен од страна на САД, не е дадена некаква порака за санкција или употреба на сила.
Северна Кореја вчера наутро изврши тестирање на балистички проектил, а проектилот, поминувајќи над Јапонија, падна на Тихиот Океан.
Советот за безбедност на ОН од 2006 година применува санкции против Северна Кореја поради нејзините нуклеарни активности.
Одлуката на Советот за безбедност на ОН подготвена од страна на САД, чија цел е да ги намали приходите од извоз на Северна Кореја на една третина, беше прифатена на 5 август, од страна на сите членки.