Ekipa
30 Август 2017•Ажурирај: 31 Август 2017
ТРИПОЛИ (АА) - Поморските сили на Владата за национално единство на Либија (УМХ) фатиле 542 илегални мигранти на отворени води кај либискиот главен град, Триполи, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на поморските сили, полковник Ејуп Касим, во писмено соопштение истакна дека како резултат на извршените четири различни операции на отворени води кај Триполи, фатени се 542 илегални мигранти кои на илегален начин сакале да преминат во Европа.
Касим информираше дека мигрантите се државјани на арапските и на африканските земји, меѓу кои 21 жени и 8 деца.
Според податоците на канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), од почетокот на годината досега, животот го загубиле околу 1.800 мигранти во Средоземното Море.