Sayed Khodaberdi Sadat
02 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
КАБУЛ (АА) - Бројот на жртвите во двата напади на џамијата во Херат, во западниот дел на Авганистан, порасна на 29 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата на гувернерот на Херат, Џејлани Фархад, за АА изјави дека во нападите на шиитската џамија Џавадија, ранети се 64 лица.
Фархад изјави дека одредени лица се префрлени во соседен Иран, и дека се стравува од зголемување на бројот на починати.
Сведоците од друга страна тврдат дека во нападите се убиени повеќе од 30 лица.
Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападот, а талибанците тврдат дека не се поврзани со нападите. Еден од двајцата напаѓачи, во вечерните часови на влезот во џамијата на себе активираше експлозивна направа, а потоа на богослужбата влезе друг напаѓач и почна да пука.
Во нападот на џамијата во Херат извршен пред два месеци, убиени се седум лица.