ВАШИНГТОН (АА) – По оставките и отповикувањата кои се случија последнава недела во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп во последниве 7 месеци ги раздели патиштата со 13 високи функционери, на кои денеска им се придодаде уште еден фунционер, јавува Anadolu Agency (AA).
Доналд Трамп по преземањето на функцијата претседател на САД на 20 јануари, освен по потпишувањето на спорни декрети, стана познат и по несогласувањата со членовите од својот тим.
Недоразбирањата кои настануваа, одвреме навреме се отсликуваа и во медиумите, поради што состојбата во Белата куќа под раководство на Трамп беше окарактеризирана како „хаотична и комплексна”.
- Прв беше отстранет министерот за правда -
Една недела по преземањето на претседателската функција, Трамп со потпишувањето на декретот за визната забрана за седумте мусимански земји, се појави првото недоразбирање во неговиот кабинет.
Сели Јејтс, в.д државната обвинителка, им нареди на адвокатите на Министерството за правда да не го штитат декретот за визна забрана кој го потпиша Трамп.
Поради ваквото однесување на Јејтс, само по 10 дена од доаѓањето на функција, поради „злоупотреба на функцијата”, Јејтс беше отповикана.
Бидејќи беше висок функционер кој остана од периодот на Обама и извршувањето на функцијата како вршител на должност, отповикувањето на Јејтс не предизвика големи дискусии.
- Оставката на Мајкл Флин го започна „паѓањето на лисјата” -
Пензионираниот генерал-полковник Мајкл Флин, кој беше еден од најдоверливите луѓе на Трамп за време на претседателската кампања по прашањата за надворешна политика и безбедносни прашања, беше назначен како советник за национална безбедност на САД, и остана како еден од најблиските имиња на Трамп.
Кон Флин, кој е познат по противење кон Иран, се гледаше како „градител на Трамповата политика за Блискиот Исток”.
Пред почетокот на својата должност во Белата куќа, за време на престедателската кампања, Флин се сретна со амбасадорот на Русија во Вашингтон, Сергеј Киселјак, по што во медиумите се појавија информации околу санкциите кон Русија.
Флин ѝ призна на Белата куќа дека се сретнал со рускиот амбасадот, но негираше дека на средбата станало збор за санкциите.
Кусо време по преземањето на должноста од страна на Флин, на виделина излезе дека со рускиот амбасадор Киселјак зборувал за санкциите кон Русија. На инсистирање на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, и на Белата куќа, Флин беше приморан да поднесе оставка на функцијата која ја извршуваше само 23 дена.
Реконстукцијата во Националниот совет за безбедност дојде само 4 дена по оставката на Флин.
Директорот на Националниот совет за безбедност на Западната полутопка, Крег Диар, поради давање изјава на една тинк-тенк организација за конкретната политика на Владата, беше отповикан од должноста.
Трет висок функционер кој го напушти Националниот совет за безбедност беше К.Т. Мекфарланд.
Мекфарланд, која беше позната како најблиска соработничка на Флин, по поставувањето на Х.Р. Мекмастер и дозволата од претседателот Трамп Мекмастер да си формира сопствена екипа, Мекфарланд беше принудена да поднесе оставка.
Последната оставка во редовите на Националниот совет за безбедност се случи пред кусо време. Советникот за Блискиот Исток во Националниот совет за безбедност, Дерек Харви, минатата недела соопшти дека е отповикан од функцијата.
Се дознава дека Харви кој на функцијата остана 187 дена, е отповикан од Мекмастер.
Се истакнува дека Харви кој на функцијата беше поставен од страна на Флин, бил еден од важните лица во формирањето на политиката кон Иран.
- Хаос во директоратот за комуникации и дирекцијата на персоналот на Белата куќа -
Од доаѓањето на функцијата, Трамп замени еден шеф на персоналот на Белата куќа, заменик шеф на персоналот на Белата куќа, тројца директори за комуникации и еден портпарол.
По победата на претседателските избори, прво лице кое беше поставено на функција од страна на новиот американски престедател беше Рајнс Прибус.
Прибус, пред да премине во Белата куќа, беше претседател на националниот комитет на Републиканската партија.
Прибус на функцијата остана 189 дена, а недоразбирањата со Трамп настанаа откако американскиот претседател како директор за комуникации на Белата куќа го назначи Ентони Скарамучи.
Трамп објави дека на местото на Прибус го поставил министерот за внатрешна безбедност, Џон. Ф. Кели.
Прибус во интервјуто кое го даде за телевизискиот канал Си-ен-ен, соопшти дека ги разделиле патиштата со Трамп.
Второ лице која ја напушти позицијата шеф на персоналот на Белата куќа беше Кети Валш, блиска соработничка на Прибус. Валш по 70-дневно извршување на должноста, ја напиушти функцијата кога во април се случија бранувањата во Белата куќа.
Во седуммесечното извршување на функцијата претседател на САД, позицијата Директорат за комуникации беше место кое доживеа најголем број промени.
По победата на претседателските избори, во директоратот за комуникации беше донесен Џејсон Милер, кој одигра голема улога за време на претседателската кампања и во стратегијата на комуникации во преодниот рок.
Од друга страна, кусо време по поставувањето, Милер беше повлечен и на негово место беше поставен Мајк Дубка. По назначувањето во февруари, на функцијата остана 86 дена. По отповикувањето на директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, Дубка влезе на црната листа на Трамп, бидејќи по смената на Коми, недоволно го заштитувал претседателот на САД.
Дубка поднесе оставка кон крајот на мај, а на негово место, како вршител на должност беше поставен портаролот Шон Спајсер. Спајсер поднесе оставка по поставувањето на Скарамучи во директоратот за комуникации.
Трамп за Спајсер, кој ја извршуваше функцијата 183 дена, кажа дека е вознемирен од перформансот на Спајсер. Спајсер критикувајќи го режимот на Асад имаше изјавено: „Ниту Хитлер немаше користено хемиско оружје врз евреите”, што предизвика големи дискусии. Вниманието на јавноста го привлече фактот дека Спајсер кусо време пред оставката стоеше во заден план и не даваше изјави на брифинзите во Белата куќа.
По Спајсер, и Мајкл Шорт по озборувањата дека Скарамучи ќе го истера, сам си поднесе оставка.
- И Бенон го доби својот дел во хаосот -
Едно од најконтроверзните личности во раководството на Белата куќа беше екстремниот десничар Стив Бенон.
По назначувањето на Бенон за член во Националниот совет за безбедност од стран на Трамп, тема на дискусии стана неучеството на началникот на ГШ, Џозеф Данфорд, во овој совет.
Бенон во април беше тивко отповикан од Националниот совет за безбедност и Данфорд повторно стана член на Националниот совет за безбедност. За оваа смена се вели дека голема улога одиграл Мекмастер.
- Отповикувањето од функцијата на директорот на ФБИ, Коми -
По тврдењата дека Русија влијаела врз резултатите на изборите во САД, од објавувањето на изборните резултати на 8 ноември, ова прашање не се тргна од дневниот ред во Вашингтон.
Особено по зацврстувањето на тврдењата околу Флин, се покажа дека Џејмс Коми, директорот на Федералното истражно биро (ФБИ) стана едно од клучните имиња на Трамп.
Коми, кој е еден од бирократите поставени од страна на Обама, една недела пред изборите во САД, отвори истрага за електронската пошта на кандидатката Хилари Клинтон во периодот додека беше министерка за надворешни работи на САД, што предизвика дискусии во американскиот Конгрес. Ова струење го смени ветрот во корист на Трамп.
По победата на изборите, Трамп му дозволи на Коми да продолжи на својата функција. Коми својата функција ја извршуваше 110 дена под раководство на Трамп. Се смета дека Коми ја загубил својата позиција бидејќи не им излегол во пресрет на барањата на Трамп да ги намали испитувањата поврзани со Флин.
- Оставки и отповикувања кои се очекуваат -
По период од само 7 месеци, од функцијата се сменети 14 високи функционери, но воопшто не изгледа дека се запрени бранувањата во администрацијата на Трамп.
Во врска со истрагата за Русија, на дневен ред во Вашингтон дојде Џеф Сешнс, главен обвинител и министер за правда на САД, од кој се очекува да ги раздвои патиштата со раководството на САД, а се вели дека една од метите на Трамп е и Роберт Мулер.
Освен Мулер и Сешнс, изненадувачки имиња за кои се очекува да го напуштат раководството на САД е генерал-полковник Х.Р. Мекмастер. Се зборува дека на местото на Мекмастер, Вашингтон размислува да го постави директорот на ЦИА, Помпео.
- Лица кои ги отфрлија предлозите за одредена функција -
Во времето кога Трамп минуваше низ тешкиот период на формирање на кабинетот и поставување високи функции, имаше и лица кои ја одбија функцијата.
Функцијата министер за труд ја одби Ендрју Пудзер, додека наместо Флин, советник за национална безбедност ја одби американскиот вице-адмирал Роберт Харвард. Тоа се дел од имињата кои поради семејни и финансиски причини не прифатија да бидат дел од администрацијата на Трамп.
Филип Билден не го прифати предлогот на Трамп да биде генерален секретар на морнарицата.
- Се очекува пополнување на 114 места во администрацијата на Трамп -
Во период од 7 месеци колку што Трамп ја извршува на функцијата претседател, покрај министерските позиции, Сенатот ги потврди фунциите на 33 кандидати, додека се очекува потврда за уште 63 надлежни лица.
Покрај тоа, сè уште се отворени 114 позиции во администрацијата на Трамп.
Во истиот период, за време на претходниот претседател Барак Обама, завршено било назначувањето на 126 надлежни лица, додека се очекувало одобрување за 43.
Во администрацијата на Трамп именувани се министри, постојаниот претставник на САД во ОН, директори на агенции, вкупно 22 високи функционери. На позициите заменици министри, од 19 позиции, пополнети се само 5, додека за 10 продолжува периодот на одобрување.
Освен тоа, од 169 генерални секретари, потсекретари и заменици потсекретари, само 6 се пополнети, а 53 очекуваат одобрување.
Во исто време, поради кратењата на буџетот во Министерството за надворешни работи, постои голем дефицит во операциите кои се спроведуваат во странство.
САД која имаат 188 амбасади, празни се 55 амбасадорски места, а 40 амбасадори чекаат за одобрување.
news_share_descriptionsubscription_contact
