Ekipa
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
БЕРЛИН (АА) - Службената статистика покажува дека бројот на луѓето со мигрантска позадина во Германија во 2016 година се зголемил за 8,5 отсто, и дека сега изнесува рекордни 18,6 милиони. Овој раст е поттикнат со голем прилив на бегалци и мигранти во првите месеци од 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Федералната канцеларија за статистика на Германија, денес објави дека се работи за петта последователна година во која е забележан раст на бројот на мигрантите. Германија има 82,4 милиони жители.
Статистичката канцеларија ги дефинира луѓето со мигрантска позадина како оние кои во моментот на раѓањето немале германско државјанство или имаат барем еден од родителите кој нема државјанство.
Германија се соочи со голем прилив на мигранти од Блискиот Исток и од другите делови на светот за време на 2015 година и почетокот на 2016 година. Тоа некое време ја наруши популарноста на германската канцеларка Ангела Меркел. Меѓутоа, анкетите во пресрет на изборите во Германија на 24. септември покажуваат дека нејзините конзервативци се обновиле.