Sayed Khodaberdi Sadat
10 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
КАБУЛ (АА) - Седум лица го загубија животот во експлозија што се случи во градот Адраскан, во провинцијата Херат, западен Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на Херат, Абдул Ахад Вализадех, за АА изјави дека во подрачјето на Хам Харбанд во градот Адраскан, експлодирала бомба поставена покрај патот во моментот кога минувало возило во кое се превезувале цивили.
Портпаролот Вализадех соопшти дека во експлозијата загинале 7 лица, од кои две се деца.
Тој истакна дека е откриено оти бомбата е поставена од страна на талибанците, кои сакале да извршат напад врз безбедносните сили.
Талибанците сѐ уште не дадоа никаква изјава.