Zülfiya Yakup
28 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Косовската полиција го уапси Албин Курти, пратеникот на движењето "Самоопределување" во главното седиште на партијата во Приштина. Од "Самоопределување" е соопштено дека се уапсени десетина активисти на тоа движење и дека полицијата го држи блокирано седиштето на партијата. Поборниците на движењето се судрија со полицијата пред седиштето на партијата, јавува Anadolu Agency.
До апсење на Курти дојде по завршувањето на мирниот протест на кој присуствуваа неколку децетици илјади граѓани, кој го организираше обединетата косовска опозиција, а на кој се појави и пратеникот Албин Курти.
По завршувањето на митингот, Албин Курти заедно со своите приврзаници се упати кон главното седиште на Самоопределување, кое полицијата веднаш го опкружи. Албин Курти, за кој е издаден налог за апсење, поради употреба на солзавец во собраниската сала, говореше на митингот на опозицијата. Тој на собраните им порача дека денеска, 28 ноември во Приштина може да се прославува само протестирајќи, бидејќи Владата ко дели Косово и поклонува територии.