Ayhan Mehmet
02 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
АТИНА (АА) - Во тепачка на мигранти во кампот Скараманга во Атина смртно настрада едно лице, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Тепачката избила синоќа меѓу две групи мигранти. Смртно настрада 22-годишен Авганистанец од последици на убод со нож. Тешко е повреден 18-годишен Иранец.
Сè уште не се познати причините за расправијата на мигрантите во кампот.
Расправиите помеѓу мигрантите се случуваат често во камповите, во кои престојуваат во многу лоши услови. До судири најчесто доаѓа во кампот Мориа на островот Лезбос.
Во кампот со капацитет од 3.000 лица престојуваат околу 19.000 лица. Од почетокот на годината со ладно оружје се повредени 30, а животот го изгубија 2 лица.