?????
03 Ноември 2015•Ажурирај: 08 Ноември 2015
Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, се сретна денес со новиот шеф на ОН на Косово (УНМИК) Захир Танин, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено во соопштението на Службата за медиуми при Министерството за надворешни работи на Србија, на состанокот е разгледано делувањето на УНМИК како и значењето на „понатамошното ангажирање на оваа мисија во областите клучни за опстанок, нормален и достоинствен живот на Србите и припадниците на другите неалбански заедници“ во Косово.
Министерот Ивица Дачиќ изрази очекување дека УНМИК ќе продолжи да работи со полн капацитет врз основа на својот мандат и во склад со Резолуцијата СБ ОН 1244 и особено го нагласи „значењето на Мисијата во имплементацијата на договорот постигнат во Брисел, како и неопходноста за надминување на блокадата на овој процес од страна на Приштина“, наведено е во соопштението.