свет

Спасени 368 мигранти недалеку од брегот на Мароко

„Мигрантите се соочуваа со потешкотии на 22 чамци на надувување, 30 кајаци и пет гумени тркала“

Ekipa  | 24.07.2021 - Обновена : 25.07.2021
Спасени 368 мигранти недалеку од брегот на Мароко

РАБАТ (АА) - Мароканската крајбрежна стража спаси 368 нерегуларни мигранти, меѓу кои три деца и седум жени, недалеку од брегот на земјата во Средоземното Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Поголемиот дел од спасените мигранти доаѓаат од супсахарска Африка.

„Мигрантите се соочуваа со потешкотии на 22 чамци на надувување, 30 кајаци и пет гумени тркала“, соопшти Мароканската новинска агенција.

Во ноември минатата година, мароканското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во 2020 година спречило 26.800 илегални обиди за миграција и разбила над 196 мрежи на трговија со мигранти.

Со години, земјите од северна Африка, Алжир, Либија, Мавританија, Мароко и Тунис - со соочуваат со обидите на мигрантите, главно од супсахарска Африка, да стигнат до Европа.

Според Министерството за внатрешни работи, во првата половина на 2021 година, скоро 15.000 луѓе илегално преминале во Шпанија, што е пораст за 63 отсто од истиот период во 2020 година.

Оваа година мигрантските рути кон Шпанија станаа пофатални.

Речиси 2.100 луѓе загинаа или исчезнаа обидувајќи се да преминат од Африка во Шпанија, што е петпати повеќе од минатата година, соопшти организацијата за човекови права Каминандо Фронтерас или Фронт Лајн Дефендерс.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.