свет, Коронавирус

Во Австралија протести против воведувањето полициски час поради Ковид-19

Во Сиднеј избувнаа судири откако демонстрантите шетајќи од паркот „Викторија“ кон Градското собрание во центарот на градот, фрлаа пластични шишиња и други предмети кон полицијата

Recep Şakar  | 24.07.2021 - Обновена : 25.07.2021
Во Австралија протести против воведувањето полициски час поради Ковид-19

МЕЛБУРН (АА) - Во моменти кога во Австралија продолжува борбата против делта-варијантата на коронавирусот (КОВИД-19), илјадници луѓе во Сиднеј и Мелбурн протестираа против воведувањето полициски час, јавува Агенција Анадолија (АА).

Илјадници демонстранти се собраа во двата најголеми градови, Сиднеј и Мелбурн, во земјата во која делта-варијантата сè повеќе се заканува.

Граѓаните на протестите побараа ограничувањата воведени претходните денови што побрзо да бидат укинати.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Слобода“ и извикуваа пароли како „Разбуди се Австралијо“, „Доста беше“, „Не на вакцините, симнете ги маските“ и „Имаме наши права“.

Во Сиднеј избувнаа судири откако демонстрантите шетајќи од паркот „Викторија“ кон Градското собрание во центарот на градот, фрлаа пластични шишиња и други предмети кон полицијата.

Безбедносните сили за време на интервенцијата на протестите, одржани без претходно одобрение, приведоа голем број демонстранти.

Во последните 24 часа во Австралија регистрирани се 176 случаи на Ковид-19.

Од 25 јануари 2020 година, кога избувна епидемијата во земјата, евидентирани се 32.935 случаи, а 916 лица починаа како последица на Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.