Балкан, Коронавирус

Србија: Одлука за препорачана трета доза вакцина против Ковид-19 до 1 август

Третата доза треба да се даде најмалку шест месеци по втората, се предлага тоа да бидат РНК-вакцините, односно вакцините произведени од „Фајзер“ или „Модерна“, иако „Модерна“, но не се исклучува можноста и за други вакцини

Bojana Stojanovic  | 24.07.2021 - Обновена : 26.07.2021
Србија: Одлука за препорачана трета доза вакцина против Ковид-19 до 1 август

БЕЛГРАД (АА) - Националниот комитет за имунизација во Србија препорача примена на трета доза вакцина против коронавирусот, за што Кризниот штаб треба да се изјасни до 1 август, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Третата доза треба да се даде најмалку шест месеци по втората, се предлага тоа да бидат РНК-вакцините, односно вакцините произведени од „Фајзер“ или „Модерна“, иако „Модерна“ во моментов не е достапна во Србија, но не се исклучува можноста и за други вакцини.

Како што објасни државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, за Радио-телевизија на Србија, со воведувањето трета доза дополнително се штитат ранливите категории население, чиј имунолошки систем дава послаб одговор на вакцинацијата, здравствените работници кои се во постојан контакт со пациенти, како и сите што сакаат да ја примат.

„Третата доза го зајакнува имунитетот и е наменета пред сè за хроничните пациенти кои боледуваат од потешки болести како што се малигните заболувања, лицата со трансплантација на коскена срцевина, лицата постари од 70 години, постарите од 60 години кои се во Домовите за стари лица. Ќе биде наменета и за здравствените работници и работниците вработени во социјалната заштита и социјалните институции“, рече тој.

Како што истакна Ѓерлек, препораката е донесена врз основа на светските истражувања кои покажале дека третата доза го зајакнува имунитетот кај луѓето кои послабо реагирале на двете дози.

Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, претходно најави дека одлуката за трета доза вакцина против коронавирусот ќе биде донесена до 1 август.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın