Ahmet Furkan Mercan
25 Јули 2021•Ажурирај: 26 Јули 2021
ТОКИО (АА) - Бројот на случаи со Ковид-19 на Олимписките игри во Токио се искачи на 133, соопштија денес организаторите, додека големиот спортски настан продолжува во главниот град на Јапонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Организацискиот одбор, уште 10 лица што пристигнаа во земјата за Олимписките игри, се позитивни на вирусот.
Понатаму е истакнато дека еден од спортистите на кого му е дијагностициран вирусот престојувал во олимпискиот дистрикт на Токио.
Меѓу заразените има шест официјални претставници, еден вработен изведувач и еден член на медиумите. Сите се ставени во карантин.