спорт

Прв медал за Србија на ОИ во Токио: Дамир Микец освои сребро во стрелаштво

Микец со резултат од 237,9 круга го освои првиот олимписки медал во својата кариера

Bojana Stojanovic  | 24.07.2021 - Обновена : 25.07.2021
Прв медал за Србија на ОИ во Токио: Дамир Микец освои сребро во стрелаштво Фото: Олимписки комитет на Србија

БЕЛГРАД (АА) - Првиот олимписки медал за Србија го освои Дамир Микец, репрезентативец во стрелаштво, кој освои сребро во дисциплината 10 метри воздушен пиштол, јавува Агенција Анадолија (АА).

Микец со резултат од 237,9 круга го освои првиот олимписки медал во својата кариера.

Златниот медал го освои Иранецот Џавад Форуги (244,8), а бронзениот Кинезот Веи Пенг (217,6).

Во квалификациите за истата категорија на Олимпијадата настап имаше и македонскиот олимпиец Борјан Бранковски, кој заврши на 21. место.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın