Murat Demirci
02 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
НИКОЗИЈА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека не ја одбил понудата да се состане со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и додаде би можеле да се состанат на заседавањето на Советот на министрите на ОБСЕ во Белград, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров тоа го изјави во текот на посетата на Кипар каде се сретна со министерот за надворешни работи, Јанис Касулидис.
Говореше за минатонеделното соборување на рускиот авион кој го повреди турскиот воздушен простор во нејзиниот јужен пограничен појас порачувајќи дека односите на овие две земји после овој настан нема да бидат како порано.
Рускиот министер рече дека нема да зборува за тоа што е потребно да направи Турција после овој настан и изрази уверување дека секој добро го разбрал овој случај.
Потсети дека после тој настан телефонски разговарал со Чавушоглу. Лавров додаде дека постои понуда да се состанат со Чавушоглу на заседавањето на ОБСЕ.
Порача дека нема да бега од тоа да се состанат на ОБСЕ.
"Нема да избегнуваме состанок во текот на заседавањето на ОБСЕ", додаде Лавров.
Заседавањето на Советот на министрите на ОБСЕ во Белград ќе биде одржано на 3 и 4 декември.