Kristina Maslareviç
24 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
БЕЛГРАД (АА) - Премиерот на Словенија и министрите во Владата на Словенија пристигнаа во Белград, каде што свечено беа пречекани пред Палатата Србија од страна на српскиот премиер Александар Вучиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
По свечениот прием, премиерите остварија тет-а-тет средба, а беа одржани и билатерални состаноци со министрите во истите области. Заедничката седница на двете влади започна во 11 часот, а по неа е предвидено потпишување на договорот и обраќање до медиумите.
Според агендата, по завршувањето на заедничката седница на Владата на Србија и на Словенија, словенечкиот премиер Миро Церар ќе се сретне со српскиот претседател Томислав Николиќ, по што заедно со српскиот премиер Александар Вучиќ ќе се обратат на Бизнис форумот Србија – Словенија, во Стопанската комора на Србија.