Kristina Maslareviç
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
БЕЛГРАД (АА) - На прес-конференција по повод завршувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во Белград министерска, претседавач на ОБСЕ, Ивица Дачиќ, рече дека "Србија се покажала како сериозен играч на меѓународната сцена по што веќе не е предмет на дискусија кај меѓународни тела, но може да биде земја која има важна улога, јавува Anadolu Agency (AA).
Ивица Дачиќ, изрази задоволство од начинот на кој Србија го организираше овој Министерски совет во Белград, додавајќи дека од учесниците е констатирано дека одамна седницата на Советот на ОБСЕ не е толку добро организирана.
"Ова не се случило никогаш во последните 40 години, освен кога е основан ОБСЕ, да на едно место се соберат толку многу министри за надворешни работи беше во едно место, а исто така и не е толку често Советот на министри да се користи за такви значајни билатерални средби", рече Дачиќ.
Наведувајки дека е нереално да се очекува по длабоките поделби да завладее духот на толеранција и компромис, Дачиќ рече дека сепак е усвоено после голем број на документи кои се важни, како што се борбата против тероризмот, против насилниот екстремизам што води кон тероризмот и прашањето на младите и безбедност, и многу повеќе.
"Тонот на кој тие меѓусебно се обраќаа едни кон други е значително различен, од последениот Министерски совет во Базел. Имаше многу повеќе толеранција и меѓусебно почитување во однос на претходните години, така што можам да кажам дека духот на Белград уште еднаш потврди дека Србија може да биде добро место за обиди да се постигнат некои разговори и продолжение на дијалогот ", рече министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Српскиот премиер Александар Вучиќ рече дека е договорена посетата на турскиот премиер, Ахмет Давутоглу во Белград кон крајот на декември оваа година и дека во моментов се работат на договорот за точен термин кога ќе се одржи големиот бизнис форум