Dejan Maksimoviç
03 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
БЕЛГРАД (АА) - Ивица Дачиќ, претседавачот со Организацијата за европска безбедност и стабилност (OSCE) оцени дека првиот ден на министерскиот самит во Белград помина многу успешно. Се ррадува што за време на конференцијата, после подолго време, можеле да се слушнат толерантни дискусии, но и истакна дека дури утре на крајот од Самитот ќе бидат видливи конкрретни резултати доколку се донесат важни одлуки, јавува Anadolu Agency (AA).
"Во работата на Самитот учествуваа 44 министри за надворешни работи што пред неколку месеци беше невозможна мисија. Поради тоа сме задоволни, бидејќи тоа е признание за Србија и Белград. Ќе видиме на крај од заседанието колку сите тие вербални пораки кои ги уважуваат сите предизвици на просторот на OSCE ќе донесат резултати. Тонот на дискусиите беше толерантен и тоа после подолго време. Сите денешни проблеми со кои се соочуваме изискуваат единствен пристап. На крај ќе донесуваме одлуки,а во подготовка се неколку важни. Но, за нивно донесување, потребен е консензус, а се надевам дека утре ќе го имаме. Се подготвуваат одлуките врзани за мигрантската криза, борбата против тероризмот, поддршката на активизмот на OSCE во Украина, борбата против наркотици и спречување на фобијата кон одредени религии. Ќе видиме за што ќе најдеме заеднички јазик, рече Дачиќ.
Српскиот министер за надворешни работи го истакна своето големо задоволство што во текот на Самитот одржа голем број билатрални состаноци.
Во работата на Министерскиот самит на OSCE учсествуваат преку 1.000 претставници на официјални делегации, меѓу кои и 44 министри за надворешни работи. Во Белград стасаа претставници на 57 земји членки на OSCE и 11 земји партнери.
За вториот ден на 22 Министерски самит на OSCE планиран е состанок на Тројката со азиските парнери за соработка, по што во 10 часот ќе започне пленарната седница која ќе биде затворена за јавноста. Околу 14 часот се очекува затворање на Министерскиот совет и усвојување на одлуките.