Zlatan Kapic
17 Јануари 2023•Ажурирај: 19 Јануари 2023
БЕЛГРАД (АА) - Русија треба да ги прекине сите напори за регрутирање Срби за да се борат заедно со нејзината паравоена група „Вагнер“ во Украина, порача српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесоа српските медиуми.
Вучиќ порача дека не е фер да се повикува на регрутирање Срби во редовите на руската паравоена група „Вагнер“ во Украина, додавајќи дека Србија е единствената земја во Европа која не вовела санкции кон Русија.
Вучиќ наведе дека таквото постапување е спротивно на српските закони.
Алудирајќи на текстот објавен на почетокот од годината на српскиот сервис на „Раша тудеј“ (РТ Балкан) дека приватната платеничка група „Вагнер“ регрутира нови припадници, тој во емисија на белградската телевизија „Хепи“ го осуди огласот за пријава на доброволци истакнувајќи дека тоа е спротивно на српските закони.
Српскиот претседател ги нарече „ноторни лаги“ тврдењата дека на барикадите на северот на Косово имало припадници на руската паравоена група „Вагнер“.