спорт

Косово со златен медал на Олимписките игри во Токио

Џудистката Дистриа Красниќи во финалето ја совлада Јапонката Фуна Тонаки, освојувајќи го златниот медал

Dzihat Aliju  | 24.07.2021 - Обновена : 25.07.2021
Косово со златен медал на Олимписките игри во Токио Фото: Олимписки комитет на Косово

ПРИШТИНА (АА) - Косово го освои првиот медал на Олимписките игри Токио 2020, откако џудистката Дистриа Красниќи, во финалето ја совлада Јапонката Фуна Тонаки, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во објавата на Олимпискиот комитет на Косово (КОК) на социјалните мрежи се вели: „Дистриа Красниќи освои злато за себе и за нашата земја, правејќи нè горди.“

Ова е прв медал на Косово на Олимписките игри 2020 во Токио, а втор олимписки медал, по златото на џудистката Мајлинда Келменди на Олимписките игри во Рио 2016 година.

Олимпискиот комитет на Косово претходно соопшти дека Косово на Олимписките игри Токио 2020 ќе учествува со 11 спортисти.

Меѓу нив е и Мајлинда Келменди, која ќе се натпреварува во категоријата до 52 килограми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.