Ahmet Furkan Mercan
24 Јули 2021•Ажурирај: 25 Јули 2021
ТОКИО (АА) - Вкупно 123 лица акредитирани за Олимписките игри во Токио се покажаа позитивни на тестовите за Ковид-19, соопштија денес организаторите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Организацискиот комитет во Токио, Ковид-19 е откриен кај уште 17 лица кои дојдоа во земјата во рамките на Олимписките игри.
Меѓу 17-те лица заразени со вирусот има странски спортист и лице што престојувало во олимпискиот комплекс во Токио.
Истакнато е дека 14 од останатите 15 лица се вработени на договор како припомош на турнирот.
Новозаразените се ставени во карантин.
Со најновите заразени, бројот на лица акредитирани за Олимписките игри во Токио што го фатија вирусот се зголеми на 123.