свет, Коронавирус

Во светот досега администрирани над 3,79 милијарди дози од вакцините против Ковид-19

Турција, каде што над 39,2 милиони луѓе имаат примено барем една доза од вакцините против Ковид-19, досега има администрирано над 64,8 милиони дози, со што е на деветтото место во светот

Sümeyye Dilara Dinçer  | 23.07.2021 - Обновена : 24.07.2021
Во светот досега администрирани над 3,79 милијарди дози од вакцините против Ковид-19

АНКАРА (АА) - Бројот на аплицирани дози на вакцините против Ковид-19 во светот достигна над 3,79 милијарди, покажува статистиката на веб-страницата на Универзитетот „Оксфорд“ - ourworldindata.org, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кина, каде што епидемијата се појави за првпат кон крајот на 2019 година, е на првото место на светско ниво, со аплицирани над 1,51 милијарда дози од вакцините, по која следува Индија со речиси 423,4 милиони дози.

Во Соединетите Американски Држави (САД) дадени се над 339,7 милиони дози, по кои следува Бразил со над 130 милиони.

Кампањите за вакцинација во Германија (88,4 милиони), Велика Британија (83,2 милиони) и Јапонија (73,9 милиони), исто така продолжуваат со забрзано темпо.

Турција, каде што над 39,2 милиони луѓе имаат примено барем една доза од вакцините против Ковид-19, досега има администрирано над 64,8 милиони дози на вакцините, со што е на деветтото место во светот.

Бидејќи вакцините против Ковид-19 обично се даваат во две одделни дози по лице, бројот на администрирани вакцини не значи дека се вакцинирани ист број луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın