Bilal Acar
23 Јули 2021•Ажурирај: 25 Јули 2021
ЛОНДОН (АА) - Пратеничката од опозициската Лабуристичка партија, Дон Батлер, која го обвини британскиот премиер Борис Џонсон за „лажење“, е отстранета од собраниската седница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дон Батлер во својот говор во Долниот дом на британскиот Парламент ги критикуваше зборовите на Џонсон дека е „прекината врската помеѓу епидемијата и тврдењето дека е сериозна болест и дека е смртоносна“, наведувајќи дека ова е многу опасна изјава за време на епидемија на Ковид-19.
Истакнувајќи дека Џонсон не ја зборува вистината во Парламентот и дека многупати ја лаже јавноста и пратениците, Батлер рече дека е разочарана од оваа ситуација.
По нејзините зборови, заменик-претседателката на Претставничкиот дом, Елеонор Леинг, која ја водеше дискусијата во Парламентот, од Батлер побара да се коригира во изјавите за премиерот Џонсон.
Батлер, обраќајќи ѝ се на заменик-претседателката, рече: „Што би претпочитале? Ослабена нога или отсечена нога? Знаете, премиерот многупати го излажа Парламентот. Многу е смешно што тука не се прави ништо на оној што лаже, туку во неволја е тој што кажува кој е лажливецот.“
Батлер не се коригира во обвинувањето дека премиерот „лаже“ и рече: „Некој треба да ја каже вистината во Парламентот.“
Откако не ја коригира својата изјава, Батлер беше отстранета од седницата на Долниот дом на британскиот Парламент.