свет

Франција: Предупредување за тероризам поради заканата од Ал Каеда

„Заканата од тероризам сѐ уште постои. Департманите да бидат во состојба на готовност во текот на целото лето.“

Alaattin Doğru  | 23.07.2021 - Обновена : 25.07.2021
Франција: Предупредување за тероризам поради заканата од Ал Каеда

ПАРИЗ (АА) - Министерство за внатрешни работи на Франција ги повика департманите да бидат претпазливи во однос на терористичките напади, бидејќи терористичката организација Ал Каеда во објевено видео ѝ се заканува на Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На видеото објавено на 15 јули, на групата Ас-Сахаб на апликацијата за социјални мрежи, Телеграм, за која се тврди дека припаѓа на Ал Каеда, освен за Франција, упатени се и закани за претседателот Емануел Макрон и министерот за внатрешни работи, Жерар Дарманин.

Во писмото испратено до департманите, Министерството за внатрешни работи ги замоли да бидат претпазливи против терористичките акти во текот на целото лето.

Министерот Дарманин во изјавата на својот профил на Твитер во однос на темата нагласи: „Заканата од тероризам сѐ уште постои. Ги повикав департманите да бидат во состојба на готовност во текот на целото лето.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.