Arife Yıldız Ünal
23 Јули 2021•Ажурирај: 24 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Брод со 45 сириски бегалци потона југоисточно од грчкиот остров Крит, соопштија денеска турските власти, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бродот потонал синоќа во 21:10 часот по локално време поради тешките временски услови, во областа за пребарување и спасување на Турција“, се вели во соопштението на Министерството за транспорт и инфраструктура.
Оттаму се додава дека бродот пловел кон Италија пред да остане без гориво.
„Триесет и еден бегалец се спасени од турски брод во регионот, додека петмина се спасени со грчки хеликоптер“, се вели од Министерството.
Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека продолжуваат акциите за потрага и спасување во регионот со две фрегати и поморски патролни летала на Командата на Турските поморски сили.