Ercan Doğan
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалскиот клуб Шкупи денес во Истанбул беше гостин на турскиот клуб Бешикташ, од кој беше поразен со резултат од 3:0, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пријателскиот дуел меѓу Шкупи и Бешикташ се одигра на стадионот „Водафон парк“ во Истанбул.
Бешикташ во 12. минута од мечот со голот на Мехмет Топал постигна водство против клубот од Северна Македонија.
По 5 минути од овој погодок, односно во 17. минута, Бешикташ успеа да ја зголеми гол разликата со погодокот на Алекс Тешеира.
Првото полувреме заврши со резултат 2:0 со водство на турскиот клуб.
Бешикташ второто полувреме го започна со погодок, во 50. минута Ѓувен Јалчин ја затресе мрежата на Шкупи.
Мечот заврши со победа на Бешикташ против Шкупи со резултат 3:0.