Doğa Kırmızıoğlu
11 Ноември 2021•Ажурирај: 13 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Новиот тренер на Астон Вила, екипата од англиската Премиер лига, ќе биде Стивен Џерард, кој досега беше тренер на шкотската екипа Ренџерс, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Според заедничкото соопштение на клубовите, Џерард, кој го напушти шкотскиот Ренџерс, потпиша договор со Астон Вила.
Англиските медиуми пишуваат дека Астон Вила, кој се наоѓа на 16. место во Лигата со освоени 10 бода, потпишал 3,5-годишен договор со Џерард, кој за првпат во кариерата ќе биде тренер на екипа од Премиер лигата.
Четириесет и едногодишниот тренер постигна значителен успех во текот на 3,5 сезони во кои беше тренер на Ренџерс. Во Лигата каде што Селтик го освојуваше Шампионатот 9 последователни години, Ренџерс, сезоната 2020/21 ја заврши на врвот, без да биде поразен.
Ренџерс успешниот настап го продолжи и оваа сезона. Се наоѓа на лидерската позиција со 30 бода во Лигата. Одиграни се 13 кола.
Астон Вила минатата недела му даде отказ на англискиот менаџер Дин Смит откако загуби пет натпревари по ред во Лигата.