Fatih Erel
13 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
ЛОНДОН (АА) - Англискиот премиерлигаш Астон Вила го купи левиот бек на Евертон, Лукас Диње, за 30 милиони евра, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Астон Вила со задоволство потврдува дека е извршен трансфер на Лукас Диње од Евертон“, се вели во соопштението на клубот.
По повод трансферот на 28-годишниот француски фудбалер се огласи и тренерот на Астон Вила, Стивен Џерард.
„Доаѓањето на Лукас Диње ме израдува мене и луѓето поврзани со Астон Вила“, рече Џерард.
Францускиот фудбалер, кој играше во Пари Сен Жермен, Рома и Барселона, освои шампионски титули во својата земја и во Шпанија.