Serhat Bağbars
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во бараж натпреварите за квалификации на Светското првенство 2018, кое ќе се одржи во Русија, националната репрезентација на Данска одигра 0:0 на првата средба на домашен терен против репрезентацијата на Република Ирска. На синоќешната средба, Данска како гостин извојува убедлива победа од 1:5 над Република Ирска, и се здоби со правото да учествува на Светското првенство во фудбал 2018, јавува Anadolu Agency (AA).
Во реваншната средба од бараж натпреварите за квалификации за учество на Светското првенство 2018, кое ќе се одржи во Русија, Република Ирска на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Данска.
Натпреварот се одигра во главниот град Даблин, на стадионот „Авива“. И покрај тоа што домаќинот Р. Ирска прв дојде до водство во 6. минута од натпреварот, со погодокот на Дафи, претрпе убедлив пораз од 1:5. Изедначувањето за Данска го донесе Кристенсен, со погодок во 29. минута, а Ериксен со погодоците во 32, 63 и 74 минута постигна хет-трик и ја доведе Данска во водство од 1:4. Погодокот за конечни 1:5 го постигна Бендтнер, со удар од 11 метри.
Со оваа победа, Данска е четвртата репрезентација од Европа којашто покрај Шведска, Хрватска и Швајцарија, во бараж натпреварите успеа да обезбеди пласман на Светското фудбалско првенство 2018, кое ќе се одржи во Русија.
Покрај Русија како домаќин, пласман на Светското првенство 2018, претходно во натпреварите по групи обезбедија репрезентациите на Франција, Португалија, Германија, Србија, Полска, Англија, Шпанија, Белгија и Исланд.