Serhat Bağbars
07 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - СЕРХАТ БАГЛАРС - Италијанскиот фудбалер, Андреа Пирло, кој последен пат го носеше дресот на тимот Њујорк Сити во Американската прва фудбалска лига (МЛС), стави крај на својата професинална фудбалска кариера, јавува Anadolu Agency (AA).
Пирло кој својата фудбалска кариера ја започна во италијанскиот клуб Бреша го направи првиот чекор кон напредокот во својата кариари правејќи трансфер во Интер во 1998 година.

Историскиот период во италијанскиот фудбал за Пирло започна откако отиде во Милан во 2001 година. Со црвено-црните, италијанскио фудбалер од средниот ред по два пати беше дел од тимот кој ја освои Италијанската прва фудбалска лига (Сериа А), Лигтана на шампионите на УЕФА и во Суперкупот на УЕФА.
Со овој клуб Пирло настапи на 401 натпревар, постигнувајќи 41 погодок и 38 асистенции.
Во 2011 година италијанскиот играч од среден ред, Пирло, на 31-годишна возраст замина во тимот на италијанскиот Јувентус, каде освои четири шампионати во лигата до 2015 година, кога го напушти овој клуб.
Плејмејкерот Пирло настапи на 164 натпревари со црно-белиот дрес, каде постигна 19 погодоци и 38 асистенции.
Пирло, за време на овој период три пати беше избран за играч на годината во Италија.
Во 2015 година, на 35 годишната возраст тој направи трансфер во американскиот клуб, Њјурок Сити , за кој одигра 62 натпревари, постигнувајќи еден гол идевет асистенции.
Пирло стави крај на својата кариера во натпреварот против Колумбус Кру, натпвревар во кои постигнаа победа со резултат 2-0.
Италијанскиот фудбалер со неговиот перформанс успеа да стане еден од незаборавните играчи на италијанската репрезентација, со која одигра 116 натпревари. Тој со репрезентацијата освои трофеј на Светското фидбалско првентсво на ФИФА во 2006 година.
Пирло со дресот на италијанската репрезентација првпат настапи на 7 септември 2002 година. Во националниот тим тој постигна 13 голови.