Selçuk Buğra Gökalp
13 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
МЕЛБУРН (АА) - Организаторите на Австралија опен извлекуваа жрепка за првиот Грен слем турнир во сезоната, чекајќи до последен момент да се дознае дали на него ќе учествува тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој ја чека одлуката на австралиските власти за депортација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Организаторите ја поместија главната жрепка, очекувајќи дека официјалните лица би можеле да кажат нешто за конечниот статус на Ѓоковиќ, но тоа не се случи.
Жрепката беше закажана за 15:00 часот по локално време, но беше поместена и објавена дури по два часа.
Со жрепката е одлучено, Ѓоковиќ, како прв носител, во првото коло да игра против сонародникот Миомир Кецмановиќ.
Додека ја чека одлуката на министерот за имиграции, Алекс Хоук, најдобриот тенисер продолжува да тренира за да се подготви за Првенството кое досега го освоил девет пати.
Тој денеска имаше нов тренинг во арената „Род Лејвер“ во Мелбурн.
И понатаму не се знае кога министерот Алекс Хоук ќе се огласи за статусот на Новак Ѓоковиќ, на кого по доаѓањето во Австралија му е одбиена визата, но таа одлука судот дополнително ја поништи.