Mutlu Demirtaştan
19 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот премиерлигаш Астон Вила го потврди трансферот на Бертран Траоре од францускиот клуб Олимпик Лион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дваесет и пет годишниот стрелец со потекло од Буркина Фасо ја започна својата кариера во англискиот клуб Челси, а потоа играше како позајмен играч за холандските клубови Витесе и Ајакс.
Тој во 2017 година беше трансфериран во Олимпик Лион.
Траоре со дресот на Олимпик Лион во три сезони одигра 126 натпревари и постигна 33 погодоци.