Berad Büyük
18 Септември 2020•Ажурирај: 19 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
Синоќа се одигра вториот натпревар од финалето во Источната конференција во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Екипата на Мајами Хит извојува победа од 106:101 и поведе со 2:0 во меѓусебните дуели во серијата до 4 победи, известува Агенција Анадолија (АА).
Првата четвртина од натпреварот заврши со предност на Бостон Селтикс од 31:28. Селтикс прикажа добра игра и во втората четвртина ја доби со скор 29:19, со што на полувреме се замина со резултат 60:47 и предност од 13 коша разлика за Селтикс.
Но во почетокот од второто полувреме Мајами Хит направи голем пресврт и третата четвртина ја доби со 17:37, преоѓајќи во предност од 7 коша разлика на почетокот од последната четвртина на натпреварот. Бостон Селтикс четвртата четвртина ја доби со резултат 24:22, но тоа не беше доволно, и на крајот Мајами победи со 101:106 и предност од 2:0 во меѓусебните дуели.
Кај Хит најпрецизни беа Горан Дујиќ со 25 поени, 5 асистенции, 3 скока и Бам Адебајо со дабл-дабл од 21 поен, 10 скока и 4 асистенции.
Во редовите на Селтикс Кемба Волкер постигна 23 поени, а Џејсон Татум и Џејлен Браун постигнаа по 21 поен.