Doğa Kırmızıoğlu
20 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот фудбалски репрезентативец и играч од средниот ред во италијанска Рома, Џенгиз Ундер, оваа сезона ќе ја помине на позајмица во тимот на англискиот прволигаш Лестер сити, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на римскиот клуб се вели дека со Лестер сити е постигнат договор за позајмување на Ундер до крајот на сезоната.
„Се радувам на почетокот на тренинзите во Лестер. Отсекогаш сонував да играм во Англија и добив одлична можност да настапам во Премиер лигата. Верувам дека ќе се обидам да им помогнам на моите соиграчи на теренот и надвор и од него. Се сметам себеси за брз играч и ќе подготвам бројни можности за своите соиграчи“, порача Ундер.
Додаде дека го радува фактот што ќе игра заедно со неговиот сонародник Чаглар Сојунџу.
„Се чувствувам одлично затоа што во Лестер сити имам многу добри пријатели. Среќен сум што ќе бидам во ист тим со Чаглар. Поради него ги гледав сите натпревари на Лестер“, додаде Ундер.